Со стратешки пристап кон правните проблеми на нашите клиенти, со детална анализа, се обидуваме да го утврдиме најефикасниот пат кон решението на проблемот. Нашето портфолио вклучува правно советување и правни услуги, изготвување на пишани правни мислења и застапување пред сите државни органи и во преговори со деловните партнери, во следните области:

- граѓанско право (имотно – правни односи, надомест на штета, промет на недвижности, семејно и наследно право, правата на потрошувачите),

- деловно право (договори, статусно деловно право, корпоративно управување, M&A, во различни области на стопанството, како што се енергетика, сообраќај, шпедиција, внатрешна и надворешна трговија),

- статусни промени, поврзување, ликвидација и стечај на трговските друштва,

- пазар на капитал и банкарски работи,

- меѓународно право (договори и спорови со меѓународен елемент),

- право на медиумите (статусно право и заштита на човековите права во медиумите),

- кривично и др. казнено право.