На правниот проблем најчесто му претходи недоразбирање на две или повеќе страни. Повеќето од тие проблеми може да се решат со посредување – медијација. Во нашиот тим имаме овластени посредници (медијатори), со дозвола од Министерството за правда на Република Србија, кои можат професионално и непристрасно да Ви помогнат да дојдете до мирното решение на спорниот однос и до компромис, во корист и на задоволство на двете страни во спорот. Медијацијата е особено погодна во граѓанско – правните спорови (имотни односи, наследни и семејни односи, надомест на штета, потрошувачки спорови), но и во споровите помеѓу деловните субјекти, во кои потреба за понатамошна успешна соработка бара тековните спорови да се решат на мирен начин.

Имаме чест во нашиот тим да имаме врвен експерт во областа на правото на медиумите и заштитата на слободата на говорот и изразувањето; затоа можеме да Ви понудиме специјализирана медијација во оваа област. Медијацијата во областа на правото на медиумите, особено во споровите поради повреди на правата на личноста и правото на слободата на говорот и изразувањето, на страните во спор им нуди брзо и ефикасно постигнување копромис и праведно задоволување на интереси на двете страни.